Отворена истpага за Саркози за злoyпотреба на службената положба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француското финансиско обвинителство (ПНФ) почна истрага за злоупотреба на функцијата во рамки на консултантски активности во Русија на поранешниот француски претседател Никола Саркози, јавија француски медиуми кои се повикуваат на извори блиски до истрагата.

Од ПНФ потврдиле дека почнала истрага за злоупотреба на положбата, но и поради криминал и други прекршоци.

Антикорупцискиот суд се занимава со овој предмет од летото 2020 година, по извештајот на финансиските разузнавачки служби дека Саркози бил платен од руската осигурителна компанија Reso Garantia контролирана од двајца руски милијардери Сергеј и Николај Саркисов.

„Судот се обидува да провери дали поранешниот шеф на државата се однесувал како советник, што би било совршено легално или се занимавал со потенцијално криминално лобирање во име на руските олигарси“, јавија париски медиуми.

Договорот склучен во 2019 година се однесува за неколку години и изнесува три милиони евра. Никола Саркози веќе на почетокот на 2020 година добил исплата од 500.000 според тој договор.

Reso Garantia, основана во 1991 година, е една од главните осигурителни компании во Русија, специјализирана за автомобилско осигурување со повеќе од 34.000 агенти и 11 милиони клиенти.

Во 2007 година, француската осигурителна компанија АХА склучи договор со акционерите на таа руска компанија за купување на удел од 36,7 проценти за околу 810 милиони евра.

Медиумите јавија дека AXA е важен клиент на адвокатската канцеларија Realyze, што е основана во 1987 година од Никола Саркози со партнери. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This