„ОТВОРЕНИ ПОРТИ“ ЗА МИГРАНТИТЕ: Владата преку невладината „Отворена порта“ со милион евра ги шета мигрантите на кафиња!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата преку невладините го припрема теренот за мигрантите, невладината организација „Отворена порта“ организираше настан, кафе со бегалците

Невладините организации кои од владата неодамна пред првиот круг од локалните избори добија милиони евра го исплаќаат долгот кон владата. Тие шират пропаганда за дестигматизација и прифаќање на мигрантите во македонското општество. Според анкетите граѓаните во огромен број не сакаат мигранти да се населуваат во Македонија. Откако на владата на СДСМ и Мила Царовска не успеа во јавноста да им помине таканаречената стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027 година во моментов сите невладини кои се бават со таа тематика се обидуваат по секоја цена да ги разубедат граѓаните и нивните негативни ставови кон населувањето на мигранти во Македонија.

 

Денеска невладината организација „Отворена порта“ организираше настан таканаречен ,, На кафе со беаглците’’. Тие не ја кријат својата цел, целта е да се промени ставот на граѓаните кон овие луѓе, да бидат пригатени и гледани без предрасуди и стигма. На овој настан граѓаните се запознаваа со мигрантите и разговареле со мигрантите за потешкотиите кои ги имале додека патувале и сега кога престојуваат во Македонија.

Според Билјана Јовановска од невладината „Отворена порта“ ,, Преку овие настани кои ќе се организираат ширум Македонија, граѓаните ќе имаат можност да разменат свои мислења, да погледнат едно видео во кое се прикажани искуствата на неколку бегалци и едноставно да се поразговара за човековите права. Целта на овој настан е да се видат искуствата со кои се соочуваат мигрантите во текот на своето патување и потенцијалната опасност овие лица да станат жртви на трговија со луѓе. Поради зголемувањето на националните чувства, но и појавата на тероризмот во светски размери, се зголемуваат предрасудите кон бегалците, но контактот со нив, како во денешниот случај кога граѓаните имаа можност да поразговараат со бегалците, ја намалува стигматизацијата кон оваа група ‘’

Ова не е изолиран настан со кој се обидува да се влијае и испитува јавното мислење на граѓаните во однос на населувањето на мигранти во Македонија. Анкетните листови каде се вршеше испитување кај ученици за тоа какви ставови имаат за населување на луѓе од Сирија, Ирак, Иран, Аганистан или други земја и со одговор да или не дали би прифатиле да ја посетат нашата земја, да живеаат во истата зграда со нив, одење на училиште заедно со деца мигранти, дали би ги прифатиле да бидат дел од нивното семејтсво итн…

Пропаганданата машинерија на владата неуморно работи на одбрана на сите нејзини ставови, а главен извор на финансирање е буџетот на Република Македонија односно парите на граѓаните. Владата преку трансферот на огромни суми на пари на сметки на невладините организации ги исплатија за да одработуваат во наредните четири години .

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This