ОТВОРЕНО ПИСМО ОД ВИНОЖИТО ДО НИМИЦ: Со промената на името на Македонија, Грција се обидува да ги избрише Македонците од лицето на Земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот национализам кој не сака да признае постоење на македонски национален идентитет, е суштината во оспорувањето на името Република Македонија. Ова во писмо упатено до Метју Нимиц, го наведува раководството на партијата “Виножито”, која ги брани интересите на Македонците од Егејска Македонија, кои како македонско малцинство живеат во Грција, пишува на Фејсбук Меѓународното движење за правата на Македонците.

=

“Суштината на внатрешниот проблем за ова прашање за Грција, е одбивањето да се признае и да се почитува одделен и посебен македонски етнички-национален идентитет како различен од грчкиот, бидејќи со тоа ќе колабира грчкиот мит за национална хомогенизација форсиран со децении во државата”, се објаснува во писмото на “Виножито”.

Тие појаснуваат дека грчкиот национален мит оти биле наследници на античките Македонци, почнал да се шири кога државата Елада се проширила на север и во 1913 година насилно приклучила дел од територијата на Македонија.

“Кога грчката држава територијално го приклучи делот од Македонија во 1912-1913 година, си го прошири митот и во новите територии”.

Што се однесува во техничкиот дел од проблемот, “Виножито” ја разбива грчката теза дека името го буни светот оти се однесувало на регион во Северна Грција.

Грција има три региони што ги нарекува Македонија и тоа се провинциите Западна, Централна и Источна Македонија.

Пред сите нив има префикс и во Грција нема никаква забуна за која Македонија станува збор. Истото е и со Република Македонија, заклучува “Виножито”, објаснувајќи дека уставното име не може да биде проблем.

“Во овој контекст интересно е да се напомене дека, како што нема ниту еден регион, ниту едно место во Грција што се вика Република Македонија, исто така, не постојат други грчки граѓани во Грција кои се самонарекуваат етнички Македонци, освен припадниците на македонското малцинство во Грција. Значи, не може да има никаква ‘забуна’ дури и на ова поле”, му објаснува “Виножито” на Нимиц.

Во писмото уште се наведува фактот дека голем дел од јавниот сектор во Грција, вклучувајќи и еден аеродром и едно министерство, биле преименувани во Македонија во последните 15-20 години.

Министерството за Северна Грција во 1988 се преименува во “Министерство за Македонија и Тракија, во периодот кога беше евидентно дека ќе се растури Југославија со можност за создавање на независна македонска држава”.

“Друг таков пример е ‘Индустриската школа во Солун’, која беше преименувана во ‘Универзитет Македонија’ во 1990 година. Истото се случи и со аеродромот ‘Тесалоники-Микра’ кој беше преименуван во ‘Аеродром Тесалоники-Македонија’ во 1992 година, кога Република Македонија веќе имаше прогласено независност”, пишува “Виножито”.

Копии од писмото на “Виножито” се упатени до генералниот секретар на Обединетите нации, до американскиот државен секретар и до шефот на македонската дипломатија.

 

Политичката партија на Македонците во Егејска Македонија, Виножито, уште во 2007 година го предупреди Метју Нимиц дека Грција, со своето барање да се смени името на Република #Македонија, се обидува да ги избрише Македонците од лицето на Земјата…

 

Политичката партија на Македонците во Егејска Македонија, Виножито, уште во 2007 година го предупреди Метју Нимиц дека…

Posted by Macedonian Human Rights Movement International on Sunday, April 14, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This