ОТВОРЕН ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ: iNFOMAX.mk стои на располагање на граѓаните – пријавете го секое нарушување на изборниот процес и ќе биде објавено!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани сограѓани, пријатели, читатели на iNFOMAX.mk

 

Во предизборниот период јавноста можеше да посведочи за голем број на неправилности кои го нарушија основниот постулат на слободните и фер избори. Бевме сведоци на низа на неправилности и злоупотреби на материјалните средства на Владата и министерствата, а функционери и членови на Владата редовно беа ставени во функција на изборната кампања.

Бевме сведоци и на масовна злоупотреба на полицијата во насока на уценување и заплашување на граѓаните, но и во служба на владеачката партија, незаконски делејќи пропаганден материјал и поткуп во вид на зејтин и брашно.

Бевме сведоци и на насилство, искршени штабови, убиство на кандидат, претепан градоначалник.

Редакцискиот колегиум на iNFOMAX.mk, ги повикува сите читатели во текот на утрешниот ден за време на изборниот молк, но и за денот на избори да пријават секакво изборно прекршување, насилство, притисоци и уцени со цел институциите на државата, Обвинителството но и меѓународниот фактор навремено да биде известен за евентуалните инциденти.

Вашите информации можете да ги испратите на infomax@infomax.mk, или на нашата фан страница на Фејсбук.

За слободни, фер и демократски избори.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This