ОТВОРЕН НАЈГОЛЕМИОТ СПОМЕНИК НА СВЕТОТ ВО ИНДИЈА:Индиските власти го пуштија во употреба новиот најголем споменик во светот кој чини 430 милиони долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индија ја издигна највисоката статуа во светот. Споменикот, која денеска беше официјално промовирана, а е во чест на Сардар Пател – наречен татко на нацијата. Статуата се наоѓа во градот Нармада, во државата Гуџарат.

Премиерот Нарендра Мори на отворањето кажа дека „статуата на единството“ ќе биде голема туристичка атракција, наспроти локалните жители, кои ја опишаа како непотребно трошење јавни пари.

„Статуата е симбол на интегритетот и решителноста на Индија“, изјави Мори, додека воени авиони исфрлуваа цвеќиња врз неа.

На бронзениот меморијал јавноста гледа како на личен проект на Мори, кој, како и Пател, потекнува од Гуџарат. Тој ја одобрил неговата изградба во 2010 година, додека беше шеф на државата.

Статуата e висока дури 182 метри, изградена е за рекордни 42 месеци, а чини околу 430 милиони долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This