Отворен црниот саркофаг пронајден во Александрија, за кој се сметаше дека е гробот на Александар Македонски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Археолозите во Египет пред две недели пронајдоа голем саркофаг направен од црн гранит во Александрија кој останал недопрен цели 2.000 години

Набрзо почнаа да се шират различни гласини и теории, од оние дека тука се наоѓаат останките на Александар Македонски, до тоа дека неговото отварање ќе ослободи страшна клетва, пишува Би-Би-Си.

Меѓутоа, според наодите на архелогот кој го пронашол и отворил, внатре не било ништо од наведеното.

Наместо тоа, археолозите во него пронашле три скелети и кафена отпадна вода која имала неподнослив мирис.

Египетското министерство за антиквитети го задолжило комитетот на археолози да ја отвори реликвијата која е откриена за време на градежен проект.

Според пишувањето на „Ел Ватан“, првично поклопецот бил подигнат за пет центиметри, по што морале да прекинат со отварањето поради ужасната реа која се ширела од внатре и да го напуштат местото на инспекција додека не се проветри местото.

Подоцна го отвориле со помош на египетските воени инженери.

„Пронајдовме коски на три лица. Изгледа дека станува збор за семејна гробница. За жал, мумиите во саркофагот не беа во најдобра состојба, па само коските останале цели“, рекол генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети Мустафа Вазири.

Одговарајќи на стравовите дека сркофагот би можел да доведе до ослободување на страшна фараонска клетва, Вазири се насмеал.

„Го отворивме и фала богу, светот не престана да постои“, се пошегувал тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This