March 29, 2024, 11:59 am

Отворен јавен судир меѓу ривaлски струи во СДСМ на само 4 дена пред изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отворен јавен судир меѓу актуелното раководство на СДСМ и нивни функционери кои беа елиминирани од партијата по доаѓањето на Зоран Заев на чело на партијата.

Луѓето за кои самиот Заев во една од „Бомбите” признава дека ги елиминирал како луѓе блиски на екс лидерот Црвенковски се лути затоа што неговите сегашни соработници ја турнале партијата на најниско можно ниво.

На коментарот на Софија Куновска според која СДСМ паднала на вакво дереџе затоа што презерватив како Марјан Забрчанец советник на Заев добил можност да ја ребрендира партијата реагираат и други видни членови на партијата.

Според екс пратеничката Весна Бендевска од Битола СДСМ сега е една голема нула затоа што ја ребрендира необразован и човек што нема никакви успеси зад себе.

„Кога на полуписмен, осреден и нереализиран човек ќе му дадеш можност да се чувствува и да верува дека демек е ‘автор’ на ‘ребрендирање’ на еден цел систем кој со децении вградувал луѓе со свои судбини, општествени процеси и историски настани, го добиваш токму ова – една голема, голема нула…”, вели Бендевска на заклучокот на Куновска.

„Брендот им е човекот со капитал, што партија го спасуваше од Глобал, а сам се спасуваше од Рекет”, коментира Ивор Мицковски кој своевремено беше дел од тимот за комуникации на СДСМ во времето на Црвенковски.

Поделбите во СДСМ се случуваат на само 4 дена пред историските избори кои ќе се случат на 15 јули.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This