ОТВОРИЈА АКВА ПАРК СО ГУМЕНИ БАЗЕНИ: Пародија на ветувањата на штипскиот градоначалник за изградба на аква парк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предизборните ветувања заборавени, како од Заев и Владата, така и од локалните власти. Ниту плата од 500 евра, ниту пак 100.000 денари за докторите. Ниту зголемување на економскиот раст, или пак решавање на спорот со името во корист на Македонија. Напротив.

Денес, штипјани приредија пародија на отварањето на „Аква Паркот“ кој во предизборната кампања го вети сегашниот градоначалник Благој Бочварски.

„Денес имавме можност да присуствуваме на отварањето на најголемиот и најубав Аква парк во Источна Македонија, во склоп на спортско рекреативниот центар Суитлак.
Истиот е направен како резултат на заложбите на Градоначалникот на Општина Штип, на кои што и претходеше предизборното ветување за изградба на овој проект.Со оваа пародија имаме за цел да посочиме на јавноста дека она што беше ветено за време на Локалните избори, не се остварув.Мегаломанските проекти од програмата на градоначалникот остануваат на хартија а тој очигледно нема ни план, ни визија како да ги направи реалност.“ – напиша Иван Јорданов на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This