ОТИДЕ ИМЕТО: По средбата со Ципрас во Давос, Заев најави дека ќе го менува името на автопатот – новото име ќе биде „Пријателство“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не само името, туку Зоран Заев ќе ги менува и називите на институциите, автопати, аеродроми но и одредени топоними кои не се по меракот на Грчката држава, а се со цел менување и на државното име и идентитет на Р.Македонија

 

Менувањето на името и автопатот кои се именувани по најголемиот македонски војсководец Александар Македонски, ќе бидат првите жртви на антидржавната политика во процесот на менување на уставното име.

Како што најави од Давос, по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас, Зоран Заев има намера да го менува името на аеродромот, а за автопатот веќе нашол и решение. Новото име на најголемиот автопат во земјата ќе се нарекува „Пријателство“.

Заев уште во интервјуто за грчката национална телевизија најави дека ќе ги менува имињата и топонимите кои се спорни за Грција, без притоа да ги праша граѓаните дали се согласни со неговите намери.

Во истото интервју Заев нагласи дека тој и неговата влада немаат црвени линии кога станува збор за името, а додаде и дека најверојатно Господ ги споил него и Ципрас со кого се родени во истата година.

Во текот на интервјуто, не смееше да го спомне името на државата.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This