Отиде „јабана“ и Александар Македонски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мирослав Грчев го советува градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ да ги отстрани сите споменици од проектот „Скопје 2014“, според дописот кој што беше испратен до медиумите, треба да се отстранат сите споменици од проектот во најскоро можно време, меѓу кои и споменикот на Александар Македонски на плоштадот Македонија. Според работната група треба да се менуваат и фасадите кои би се вратиле во првобитната состојба.

Во допис од осум точки, во форма на пополнет прашалник на јавната анкета за ДУП Мал Ринг на Општина Центар, работната група за „справување со последиците“ од т.н. Проект „Скопје 2014“, го испрати своето мислење до Градоначалникот Богдановиќ и Општина Центар, држејќи се единствено до аспектите на проектот.

1. Сите споменици што се изградени во планскиот опфат во периодот 2007 – 2016 (а не само оние за коишто е направен елаборат од страна на РГ), како и оние што се во градба, треба да се регистрирани како постојни градби и да бидат во планот нацртани со геодетска линија како дел од постојната состојба и геодетската подлога.

2. Предметните незаконски споменици треба да бидат нумерирани и обележани како постојни споменици во графичкиот дел од планот, додека во текстуалниот дел од планот, во Општите одредби за спроведување, треба да стојат со број и опис, по кој треба да се формулира општата планска одредба дека со планот се предвидува нивно дислоцирање и доведување на јавните површини во првобитна состојба.

3. Забелешките од точките 1 и 2 особено се однесуваат на Споменикот на Мајка Тереза и Порта Македонија, кои на најбрутален начин се ставени сред сообраќаен коридор, за коишто спротивно на устав и закон се формирани градежни парцели на сметка и во земјиште за општа употреба, јавна патна површина – градска улица и јавен простор: овие споменици не смеат да бидат со формирана градежна парцела и услови за градење во предлог планот, туку само со геодетска линија, како постојна состојба.

4. Под истиот третман мораат да бидат и т.н. Шпански скали, со геодетска линија што ја опцртува катастарската парцела на незаконски отуѓената и приватизирана јавна површина: таму во планот не треба да има ништо друго освен јавна плоштадска површина.

5. За случаите од точките 3 и 4 од овие забелешки, уредувањето на планските одредби со кои во планот се предвидува враќање на статусот на јавната улична површина и нејзино доведување во првобитна состојба, треба да се помести во текстуалниот дел од планот и во Општите и во Посебните одредби за спроведување на планот.

6. Таканаречените Галии во коритото на реката Вардар треба да бидат обележани (со нумерација и опис во легендата) и за нив во Општите одредби за спроведување на планот треба да се одредат плански одредби за нивно отстранување, поради незаконското градење (без хидротехничка студија што ја докажува нивната безбедност) и поради фактот што драматично ја нарушуваат јавната безбедност и ги зголемуваат ризиците од поплавување и разурнување во центарот на градот. Во Општите одредби за спроведување на планот треба да се уредат мерки за ревизија на сите други објекти во коритото на Вардар, незаконски изградени во предметниот период на реализација на „Скопје 2014“ и отстранување на оние што ги зголемуваат ризиците од плавење како и другите што и пречат на основната функција на коритото или на друг начин се спротивни на законот.

7. Во Општите одредби за спорведување на планот треба да има дел што ќе одреди мерки за враќање на оригиналните фасади на згради што имаат големо значење како културно наследство и високи архитектонски квалитети, како што се зградите на бивша НАМА, ЕВН, МЕПСО и други (при што во графичкиот дел од планот градежната линија на објектот на ЕВН треба да се совпаѓа со линијата на оригиналниот објект – а не со линијата на незаконската фасада, исто како што за објектот на бивша НАМА шрафурата за намена на објектот треба да биде само на површината на оригиналната основа, а не и врз незаконски исфрлениот трем).

8. Во планот треба да се поништат сите мали градежни парцели што се фомирани на земјиште за употреба и потоа отуѓени, а земјиштето повторно да добие статус на земјиште за општа употреба, додека овие и слични намени треба да се решаваат со урбана опрема или монтажни објекти со краткотраен закуп на земјиште за општа употреба (трафики и други мали услужни и трговски објекти).

Врз основа на Решение на министерот за култура бр.02-7117/1 од 28.07.2017 година, формирана е Работна група за изработка на Анализа за реализацијата и последиците од т.н. “ Проект Скопје 2014” што треба да ги предложи мерките за справување со последиците од оваа за Републиката ислучително штетна злоупотреба на државата и буџетските сретства. Групата работи во состав:

1. Мирослав Грчев, координатор,
2. Никола Наумоски, член,
3. Донка Барџиева Трајковска, член,
4. Златко Теодосиевски,член.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This