Откажана утрешната лидерска средба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По седницата на ЦО, извори од СДСМ велат дека е откажана закажаната лидерска средба поради одбивањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да присуствува на неа, пренесува ДВ.

Лидерската средба на која утре требаше да се расправа за Законот за обвинителство, пописот, Изборниот законик и други актуелни теми, е откажана, дознава ДВ од извори во СДСМ.

Тоа на вечерашниот состанок на Централниот одбор на партијата го потврдил и партискиот лидер Заев.

Образложението било дека без присуство на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема причина да се одржува состанокот на кој требаше да присуствуваат и лидерите на ДУИ и Алијансата на Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска потврдија дека Мицкоски не планира да се појави на средбата доколку на неа не се разговара за организирање предвремени парламентарни избори.

– Како што пред неколку дена најави претседателот, нема да се појави на лидерската средба. И доколку има некаква лидерска средба, таа лидерска средба ќе биде само за разговор за предвремени парламентарни избори – изјави претседателка на Унијата на жени на партијата, Благица Ласовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This