ОТКАЖАНИ СИТЕ КУЛТУРНИ НАСТАНИ: МНТ, ТДМ, Театар за деца и младинци, Драмски и Филхармонија ги откажаа претставите поради дводневна жалост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради жpтвите во тешката сообраќајна нecреќа и прогласените денови на жалост, денеска и утре се откажуваат закажани настани во институциите од културата.

Вечерашниот симфонискиот концерт „Моја љубов“ Македонската филхармонија ќе го презакаже за понеделник, 18 јануари, соопштија од МФ.

Македонскиот народен театар ја откажа вечерашната изведбата на мјузиклот „Мама миа!“. Следната изведба на мјузиклот е закажана на 11 март во 20 часот, а билетите кои публиката ги купи за изведбата на 14-ти февруари, ќе важат за изведбата на 11-ти март.

НУ Македонски народен театар изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите, објави Националниот театар.

Театарот за деца и младинци – Скопје, извести дека поради тешката сообраќајна нecреќа и прогласувањето на 14-ти и 15-ти февруари за денови на жалост, ќе бидат откажани претставите од редовниот репертоар. Ансамблот на Театар за деца и младинци, им изразува длабоко coчувство на семејствата на зaгинaтите.

Театар Комедија ја откажува изведбата на претставата „Вардарски пастуви“ која беше планирана за 15-ти февруари и таа се презакажува за 16 февруари. Билетите важат за саботната претстава.

Драмски театар ги откажа претставите „Партија Реми“ и „Крал Иби“. Подигнатите билети за овие претстави можете да се заменат за било која друга претстава на репертоарот на Драмски театар во секое време, соопштија од Драмски.

Откажана е и прес-конференцијата на екипата од наградениот филм „Медена земја“ која беше закажана за денеска во 11 часот. Продукцијата соопшти дека дополнително ќе извести за новиот термин.

Народен театар Битола упатувајќиcoчуство до семејствата на зaгинaтите во трагичната сообраќајна нecреќа соопшти дека закажаните претстави за 14-ти и 15-ти февруари се одлагаат поради деновите на жалост.

Од дирекцијата на Македонската опера и балет информираа дека гостувањето на балетот при МОБ во театарот во Битола, закажано за 14.2.2019 со балетската претстава „Либертанго“, се одложува и ќе биде дополнително најавено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This