Откажани сите прегледи на Клиниките поради посетата на папата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите закажани термини за прегледи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за 7-ми мај се откажани. Оваа одлука е донесена од Министерството за здравство, а ја потврдуваат и од „Мој термин“.

Причината за откажаните термини е посетата на папата Франциск во Скопје, пишува А1он.

„Прегледите за на 7 мај се откажуваат. Ова е поради посетата на Папата и почитување на протоколот“, велат од „Мој термин“ за „А1он“.

На прашањето кога ќе се реализираат термините кои се откажуваат, од „Мој термин“ немаат одговор.

Тие велат дека очекуваат официјално известување од кабинетот на министерот за здравство, а потоа ќе ги иформираат пациентите, чии термини се откажани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This