April 18, 2024, 11:21 pm

ОТКАЖАН ЛЕТ ЗА ФРАНКФУРТ: 180 Македонци останале заглавени во Германија поради откажаниот лет кон Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

180 патници останале заглавени на аеродромот во Франкфурт-Хан. Летот кон Скопје со компанијата „Виз ер“ закажан за вчера вечер им бил одложен и никој не ги известил до кога треба да чекаат, јавува 24Вести.

Аеродромските власти таму им соопштиле дека треба сами да се снајдат за да слетаат во Македонија. Дел од нив ја исконтактираа нивната редакција и се пожалле дека немале пари во нив, за да фатат нов лет. На германскиот аеродром им кажале дека компанијата со која летале дополнително ќе им ги врати парите. Неколкумина веќе отпатувале до поблиските градови и резервирале карта до Софија.

– Се чекиравме и ја поминавме пасошката контрола и после три часа чекање не вратија назад. Јас земав карта од Келн за на 19-ти да се вратам во Скопје. Имаше слободни летови за наредната недела од други градови без организиран превоз. Едно дете патуваше од Луксембург, не знаеше јазик не знаеше за каде да земе карта, кажа дека нема пари во него, изјавил еден од патниците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This