ОТКАЗ ЗА КРИТИКУВАЊЕ НА ВЛАСТА: Пратениците го усвоија контроверзниот закон за судии во Полска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците од Долниот дом на полскиот Парламент (Сејм) го поддржаа спорниот предлог закон, со кој се овозможи да бидат отпуштени од работа судии кои ги критикуваат одлуките на власта.

Предлог-законот е усвоен во Сејмот и сега претстои да биде потпишан од претседателот Анджеј Дуда, кој изрази поддршка за законот.

Законот беше предложен од владејачката конзервативна партија Право и правда, која бара поголема контрола врз судството, а наиде на осуди и од Европската унија, Обединетите нации и други меѓународни тела, како и домашни правни експерти и опозицијата. Критичарите оценуваат дека со тој закон се кршат принципите на Европската унија и демократската поделба на власта.

Минатата недела, горниот дом на Парламентот, Сенатот, го отфрли законот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This