April 24, 2024, 10:02 pm

ОТКАЗ ЗА СИНДИКАЛНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Царовска брка синдикалци од работа?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на синдикалната организација на Агенција за вработување Спасе Николов деновиве добил отказ од работното место.

За ова информираше Синдикатот на администрација и државна управа при Конфедерацијата на слободни синдикати.

Оттаму обвинуваат дека се вршат притисоци врз претседателите на синдикалните организации во јавната администрација.

Според нив Николов бил изложен на притисоци и дискриминација од неговото назначување за претседател на синдикалната организација, а посочи и дека во Агенцијата за вработување била оневозможена работата на синдикатот бидејќи паралелно е формиран уште еден синдикат во кој членуваат сите нововработени на кои со самото вработување им се давале пристапници за членство во синдикатот.

Оттука упатените велат дека ова се случува поради мешање на политиката во синдикалното движење. Или како што велат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска е директно вклучена во ова. Според нив ова воопшто не е е оставено на слободно организирање. Потсетуваат и на вмешувањето на политиката во Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски на што имаше реакција од меѓународните синдикални организации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This