April 26, 2024, 11:53 pm

ОТКАКО ГИ “РЕШИ” УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, ДЕСКОСКА ЌЕ ГО ЛЕГАЛИЗИРА СЈО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она што Катица Јанева одамна го најави, министерката за правда, Рената Дескоска, штотуку запона да го реализира, откако без коментар избегна да е повереник за уставните измени.

Имено Јанева синоќа изјави дека статусот на СЈО завршува во 2019 со можност да се продолжи во 2020 при што посочи дека по однос на оваа тема очекуваат траен мандат, но со задржување на автономијата.

Очекуваме продолжен статус во рамките на обвинителството но да се задржи самостојноста, автономноста и финансиската незавиност, да премине во траен орган за гонење на највисока корупција. СЈО да биде под хиерархија и субординација на Републичкиот јавен обвинител, но сепак да ја задржи својата автономија. – рече Јанева.

Во однос на тоа каде се гледа себеси во наредните пет години, Јанева истакна дека можеби ќе треба некој да ја наследи но дека би сакала да остане во СЈО.

Во однос на амбициите да биде градоначалник на родниот град Гевгелија, таа истакна дека станува збор за благородна функција, но дека сепак е посветена на работата за да размислува во таа насока.

Во таа насока започна да делува и министерката за правда, Дескоска која најави дека неопходно е формирање посебно одделение кое ќе ги суди предметите што сега ги застапува Специјалното јавно обвинителство, оцени владиниот Совет за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор под водство на Дескоска.

Советот синоќа одржа седница на чиј дневен ред беа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за судови, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за судски совет и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за кривичната постапка.

Имено СЈО и Катица Јанева се творби кои произлегоа од т.н. Пржински договор со кој се прекрши Уставот, при што индикативно е што процесот за преговори во име на ВМРО – ДПМНЕ го водеше поранешниот министер, Никола Тодоров, додека предлозите беа широко прифатени и од Мијалков и од тогашниот претседател и премиер Никола Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This