ОТКАКО НИ ДАДЕ ,,ШУT КАРТА”: Ќе ја заложам сета своја политичка тeжинa да добиете датум за преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска од Брисел се заложи дека ќе стори сѐ за одредување датум за почеток на преговорите на Македонија за членство со ЕУ до октомври и порача дека во прашање се неколку недели, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одговарајќи на прашање на МИА на крајот на дводневниот самит на лидерите на Европската унија, за тоа дали може да гарантира датум за преговори, откако одлуката беше одложена до крајот на октомври, Меркел изјави дека лидерите на ЕУ вчера разговарале за Македонија.

Ќе направам сѐ што можам за да се донесе таа позитивна одлука затоа што C Македонија направи примерна работа со Преспанскиот договор, одлична работа, и разговаравме за ова вчера. Станува збор за неколку недели, навистина, но нашата заложба стои и што се однесува до мене, ќе ја заложам сета своја политичка тeжинa за ова, изјави Ангела Меркел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This