ОТКАКО ПОЛА ГРАД ИМ ИЗБЕГА ОД КАРАНТИНОТ: Караџовски немало да дозволи вечерни седенки по паркови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски на денешната прес-конференција објасни зошто ќе предложат враќање на полицискиот час за кризните општини, кој според првичниот предлог би почнувал од 22 часот.

Караџовски рече дека лично како доктор, не верува дека со забраната за движење од 22 часот ќе го намали ширењето на вирусот, но објасна дека целта е да се спречат вечерните групирања и ризикот од трансмисија да биде помал.

За секоја опција што сме ја предложиле има сочна, бурна, колегијална, стурчна дискусија. Со саати дебараме за една мерка што ја предлагаме какви негативни и позитивни ефекти би имало. Имавме неколку размисли, прво одредени економски субјекти работат во тој период кога ние сакаме да го предложиме тој полициски час. Второ, дали на тој начин ќе се спречи ширење на инфекцијата, ако ме прашувате како доктор верувам не, но нема да дозволиме народ после 22 часот да се групира на седенки, по паркови. Нема да дозволиме близок контакт на седенки по клупи…Дали мерката ќе се почитува во 18 часот, 19 или 22 часот, за мене е исто. Битно е да се почитува – рече Караџовски.

Караџовски рече дека на овој начин, после тридневниот карантин им се дава можност на луѓето „да олабават“ до 22 часот да ги завршат секојдневните обврски.

Ако едно време имавме полициски час од 21 до 05, сега денот е подолг. Се смрачува покасно и дел од луѓето се на работни места до 16-17 часот, еве да имаат три сата можност да испазаруваат, да прошетаат на воздух и да се вратат дома. Тоа ни беше првата водилка за 22 часот. Ние можевме да направиме и предлог од денеска од 14 часот. Што ќе се случеше? Луѓето ќе трчаа од работа дома и ќе не колнеа ќе ни зборуваа дека не сме стручни. Сега дека сме пуштиле од 22 ни велите што правите ги олабавувате мерките. За некои работи морам народски да се изразам: Дел од народот ни се тера ни се води – изјави Караџоски.

За полицискиот час одлука ќе носи Владата на утрешната седница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This