Откако со Заев го смени името на АРМ, Шеќеринска до вojницитe – Да ја носите оваа униформа со чест и достоинство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да Ви посакам да ја носите оваа униформа со чест и достоинство и како силно и секојдневно потсетување дека посветената работа секогаш носи резултат, нагласи министерката за одбрана Радмила Шекеринска во скопската касарна „Илинден“на денешната промоција на новите униформи за припадниците на Армијата чие име оваа влада со новиот Закон за одбрана го смени само затоа што соддржеше Македонија во себе – АРМ.

Здравствената криза што го зафати нашето целокупно општество, потенцираше, не ги намали инвестициите во одбраната, моите заложби секојдневно и покрај вонредната состојба беа да се реализира една од покрупните набавки што ги преземавме заедно со оклопните возила, а тоа беше набавка на нови униформи и тие се веќе наша реалност, вели министерката во чие време се смени името на АРМ.

Моја задача беше, подвлече таа, и се борев за подобар закон, подобри услови за пензија, повеќе пари во Армијата и во одбраната, за поголемо достоинство на секој припдник, а вие, потенцира, се боревте со работа, во мисии во време на корона, во време на во кризни состојби, потенцира министерката Шеќеринска која во редење на „успесите“ заборави да спомене дека во нејзино време АРМ замина во историјата, и која цело време во долгиот говор не ја спомна Македонија, ниту новосклопеното име на државата со зборот на буквата С.

Според неа, последниот период од неколку месеци можеби е најсликовит пример зошто секогаш треба да вложуваме во Армијата, која инаку, пред неа гордо го носеше името АРМ.

Додаде дека МО денес е на самиот врв по транспарентност и согласно тоа по интегритет.

– Само така можеме да градиме успешно општество, ослободено од стегите не корупцијата, на криминалот, само така можеме да ја јакнеме безбедноста и безбедносната култура помеѓу институциите во оваа област. За да бараме секоја година повисоки буџети треба да покажеме дека секој денар на граѓаните го трошиме наменски, со јасна цел, рече меѓу другото министерката за одбрана Радмила Шекеринска која гордо учествуваше во смената на името на АРМ.

Ова е на само еден ден од неуспешниот дуел со Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, по кој видно вонемирената Шеќеринска, откако и падна маската на земја, ја подигна од подот и повторно си ја стави на лице, реакција која предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This