ОТКРИЕНА МИСТЕРИЈАТА:Еве кои ќе бидат водителите за новиот старт на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гости, пејачи, актери, стилисти, градски фаци и инфлуенсери постираат мистични фотографии…

Заедничко за нивните постови на Фејсбук и Инстаграм е што тие држат ѕвезди во различни бои во своите раце и пишуваат дека одредена ѕвезда се враќа повторно во Македонија!?

Интересно е што сите се воздржуваат од коментар и не кажуваат за која ѕвезда точно станува збор. За сега, Андреј и Панчо од ДНК, Елена Ристеска, Симона Поповска, Дино Захов, Антонија Гиговска, Милена Антовска, Александар Тарабунов и многу други одбиваат да кажат нешто повеќе… заедничко за сите нив е што очигледно сите заедно најавуваат некоја ѕвезда која веќе била присутна кај нас… во меѓувреме секојдневно се зголемуваат јавните фаци, кои постираат вакви фотографии, а деновиве се појави и телевизиско видео со истата соддржина: Ѕвездата, повторно се враќа во Македонија…

Некои можеби сфатија, но поголемиот број останаа да се прашуваат за што точно станува збор.

Да ја откриеме загатката, јасно дека ѕвездата всушност е враќањето, односно новиот старт на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“. По тој повод вечерва (13. Септември) во ресторанот „Парк“ ќе се случи забава за рестартирањето , проследено со модно шоу резервирано само за одредени гости.

Од новитетите беше откриено и која ќе биде водителската двојка на новиот „Бекстејџ“. Уредништвото ја враќа поранешната водителка со долг стаж во емисијата, Миа Костова, како и нејзиниот партнер-водител Миро Кацаров кој своевремено беше дел од тимот.

https://www.instagram.com/p/BnoVPSgHn65/?taken-by=miandrija

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This