ОТКРИЕНА „ФИНАНСИСКА БОМБА“: Руските олигарси чуваат десет пати повеќе пари во офшор сметки, отколку што инвестирале во Велика Британија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руските олигарски во британските офшор чуваат пет пати повеќе пари отколку во самата Велика Британија, дури 47 милијарди долари, дознава весникот „Сандеј Тајмс“

Како што се наведува, далеку поголема сума на пари руските олигарски инвестирале на територија на Велика Британија – дури 34 милијарди фунти, што е пет пати поголема сума отколку што е случајот со парите кои тие ги чуваат во банките.

Статистиката покажува дека за последните 10 години низ британските офшор банки поминале додатни 110 милијарди долари руски пари, што островот го става на второ место по Кипар.

„Сандеј Тајмс“ оваа анализа ја направи откако премиерката Тереза Меј најави дека би можела да ги замрзне средствата на руските олигарски на територија на Велика Британија како одговор на инцидентот со труењето на бившиот руски разузнавач Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка.

Дотолку повеќе, британскиот парламент утра ќе гласа за воведување на нов закон кој ќе ги примора сите офшор банки јавно да ги соопштат сите информации за тоа кои се сопственици на сметките во тамошните банки.

Во моментот Вирџинските и Кајманските острови немаат обврска јавно да ги соопштуваат информациите за корисниците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This