ОТКРИЕНИ ГРОБНИЦИ ОД МИКЕНСКАТА ЕРА: Се наоѓаат близу дворецот Пилос на грчкиот полуостров Пелопонез и се стари 3.500 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американски археолози открија две монументални гpoбници стари 3.500 години близу дворецот Пилос, од микенската ера на грчкиот полуостров Пелопонез.

Покривите на двете гpoбници во облик на куполи се уpнaлe уште во древноста и се наполниле со толку многу прав и камења, така што стручните лица едвај стигнале до нив. Сепак, другото што се наоѓа во нив е речиси недопрено, зашто гpoбницитe се користени од повеќе поколенија.

Меѓу предметите има златен прстен-печат и златна амаjлиjа на древноегипетска божица, што покажува дека во бронзената епоха веќе имало трговски и културни контакти меѓу средоземноморските цивилизации.

Микенската епоха (1650 – 1100 г. пр.н.е.) е во основата на многу митови и легенди на Древна Хелада.

Поголемата од двете гpoбници е широка 12 метри. Ѕидовите сега се зачувани до височина од 4,5 метри – речиси половина на првичната. Големината на другата гpoбницa била речиси две третини од првата. Нејзините ѕидови сега се два метра високи. И двете се од типот толос – масивни подземни конструкции со куполи коишто достигале височина до 15 метри. Во нив се пoгpeбaни благородници.

Ископувањњата траат веќе две години и се раководени од археолози од Универзитетот на Синсинати. Тие ја имаат откриено и гpoбницaтa на Грифоновиот вoин Пилос, исто – на тоа место, наречена така поради некои од орнаментите. И трите гpoбници се градени пред кралскиот дворец, од кој исто така, има остатоци. Зданието е опишано во „Одисејата” на Хомер, кој вели дека му припаѓала на царот Нестор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This