Откриени „зoмби“ клетки во човечкиот мoзок кои остaнуваат активни и по cмpтта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Животот по смртта постои, барем биолошки, бидејќи индивидуалните клетки на човечкиот мозок остануваат активни неколку часа откако човекот ќе умре, тврдат научниците во новата студија.

Некои клетки, според научниците објавени во истражувањето објавено во „Сајентифик рипорт“, не само што се активни, туку можат и да растат.

Тоа се глијални клетки, придружни клетки во човечкиот мозок кои не припаѓаат на неврони, но се користат за негување, заштита и поддршка на невроните и формирање миелинска обвивка околу нив.

Овие карактеристики на глијалните клетки, кои им го дадоа прекарот клетки „зомби“, ги откри тимот предводен од ефри Леб, раководител на одделот за неврологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Илиноис во Чикаго.

„Повеќето студии претпоставуваат дека сè во мозокот застанува кога срцето престанува да чука, но тоа не е случај. Нашите откритија ќе бидат неопходни за толкување на истражувањето на човечкото мозочно ткиво, бидејќи ваквите промени во глијалните клетки не се прецизно утврдени досега“, вели тој.

Тој објаснува дека активноста на глијалните клетки по смртта не е изненадувачка.

„Глијалните клетки се воспалителни и нивната задача е да ја исчистат околината по оштетување на мозокот, како што се недостаток на кислород или мозочен удар“, вели Леб.

Ваквите резултати од истражувањето би можеле да бидат многу значајни и во други студии кои проучуваат примероци од мозок, бидејќи научниците кои проучуваат невролошки заболувања досега не ја земале предвид постмртната активност на глијалните клетки. Со други зборови, истражувањето на невролошките болести сега ќе биде многу попрецизно, според РТ.

Но, дури и „зомби“ клетките не живеат засекогаш. Студија на научници предводена од Џефри Лоеб утврди дека глијалните клетки се активни 24 часа по смртта и дека после тоа не можат да се разликуваат од мозочното ткиво што почнува да се распаѓа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This