March 28, 2024, 11:58 am

ОТКРИЕНО НОВО РАЧНО ПИСМО ОД ФРОЈД: Ставено е на аукција, почетна цена 6000 долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зигмунд Фројд е австриски невролог, основач на психоаналитичката школа за психологија. Фројд е најпознат по неговите теории за несвесниот ум и механизмите за заштита од потиснување и по создавањето на клиничкото применување на психоанализата за лекување на психопатологијата со помош на разговор помеѓу пациентот и психоаналитичарот.

 

 

Медиумите објавија дека било ново до сега не видено рачно напишано писмо од Зигмунд Фројд, кое ќе биде ставено на аукција во Ерусалим, на 3 декември. Почетната цена е 6.000 долари.

 

Новооткриеното писмо на историски познатиот невролог, датира од 21 јуни 1938 година. Напишано е на германски јазик и ја покажува малку познатата сентиментална страна на „таткото на современата психоанализа“. Записот настанал неколку недели откако Фројд побегнал од нацистите од родната Австрија во Лондон.

 

Ова писмо било наменето за филантропката Маргарет Стоунбороу-Витгенстин, пациентка на Фројд, и негова сонародничка. Фројд во него ѝ изразува сочувство поради самоубиство на поранешниот нејзин сопруг, а и ја прашува што се случува во Виена под нацистичка власт.

 

Фројд исто така го препознаваме и по неговото редефинирање на сексуалната желба како основна мотивациона енергија на човековиот живот, како и неговите терапевтски техники, во коишто спаѓа употребата на слободното здружување, неговата теорија на пренесување во терапевтските врски и толкувањето на соништата како внатрешни извори на несвесните желби. Тој исто така е еден од првите истражувачи од областа на неврологијата во церебралната патологија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This