April 20, 2024, 11:19 am

Откриено скриеното значење на плетенките на Денерис: Фановите на “Game of Thrones” останаа шокирани од детаљот кој го пропуштиле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имено, плетенките, односно секоја нова плетенка е знак дека војникот победил во борба. Доколку изгуби, неговата чест му е одземена со сечење на косата.

Љубителите на серијата “Game of Thrones” ги обожуваат скриените пораки кои креаторите им ги испраќаат од сезона во сезона.

Постојат суптилни пораки кои се отсликуваат преку косата на Санса и гардеробата која ја носи Серси бидејќи претставуваат менување на ликот и психолошка промена поради околностите кои им се случиле. Но, постои уште еден знак кој ретко кој го забележал.

Во првата сезона, Денерис Таргериен беше технички продадена од страна на својот брат на племето Дотраки. Идната мајка на змејовите дознава дека во нивната култура е многу ценет култот за косата. Имено, плетенките, односно секоја нова плетенка е знак дека војникот победил во борба. Доколку изгуби, неговата чест му е одземена со сечење на косата.

Културата која Денерис ја присвоила, се одразила и на нејзината коса. Со тоа, од сезона во сезона, плетенките на главата ѝ стануваа сè поголеми и погусти бидејќи мајката на змејовите не престанува да победува во суровата борба за железниот престол.

Со секоја нова победа е додадена по една нова плетенка во нејзината коса. Ова е одличен начин на кој таа ѝ оддала чест на културата на Дотраки која ја присвоила, иако била насилно сместена помеѓу дивите војници.

Во последната епизода од осмата сезона ќе дознаеме дали Денерис Таргериен ќе додаде уште една плетенка или ќе остане без коса, во зависност од тоа дали ќе седне на железниот трон или не.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This