Откриен древен град на цар Давид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелски археолози открија остатоци од град кој се спомнува во Светото Писмо, во книгите на Исус Навин и Царства. Научниците сметаат дека го откриле филистејскиот град Секелаг, каде што Давид нашол прибежиште кога бил гонет од Цар Саул.

Во прилог на ова, научниците тврдат дека во потрага по овој древен град биле разгледани 12 различни локации, но само на ова место се откриени артефакти кои им даваат основи да сметаат дека тоа е бараниот град. Откриените археолошки остатоци датираат од почетокот на Χ век пред Христа. Руините покажуваат дека градот најверојатно бил уништен при силен пожар.

Имено според старозаветните библиски текстови, овде царот Давид се спа сил од гоне њето на Саул и од тука заминува за Хеврон, каде е помазан за цар, а градот Секелаг бил нападнат од Амаликијците и за пален, жителите, пак, земени за плен.

Ископувањата се вршат под надзор на археолози од Еврејскиот универзитет во Ерусалим, универзитетот „Макуори“ од Сиднеј и Управата за археолошко наследство на Израелската земја.

/Dveri.bg

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This