Откриен заговop за aтeнтaт на српскиот претседател Вучиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска објави дека бил планиран атентат на претседателот Александар Вучиќ на откривањето на споменикот на Стефан Немања на 27 јануари годинава во Белград.

-Се работи за долго и детално планирање. Формирани се паралелни структури во Министерството за внатрешни работи и водени се кампањи во тајкунските медиуми, кои ги пренесуваа и медиумите во регионот, за да го демонизираат Вучиќ и од него и од неговото семејство да направат криминален клан, изјави Брнабиќ денеска за телевизија Пинк.

Премиерката на Србија не наведе детали и не кажа зошто обвинителството не покренало постапка против одговорните, туку дека надлежните служби се занимаваат со тие случаи и оти нема да има заштитени, без оглед за кого се работи, на каква функција е и на која партија и припаѓа.

Наводите за прислушување на Вучиќ и аферата „Јовањица“ рече дека биле „обид за државен удар“.

Обвинителството за организиран криминал во јануари отвори предистражна постапка поради неовластеното прислушување на претседателот Вучиќ. Тој рече дека сомнежот е дека го прислушувале домашни служби.

За аферата со прислушување се поврзуваше името на поранешната државна секретарка во српското Министерство за надворешни работи Дијана Хркаловиќ, која беше уапсена на 15 октомври.

Аферата „Јовањица“ беше отворена во ноември 2019 година, кога полицијата во земјоделски комбинат за органска храна, чиј доминантен сопственик е Предраг Колувија, пронајде 1,6 тони марихуана.

Меѓу обвинетите за случајот има и припадници на полицијата, Безбедносно информативната агенција (БИА) и Воено разузнавачката агенција, кои се обвинети дека го штителе Колувија.

Опозицијата и дел од медиумите тврдат дека највисоките државни функционери биле поврзани со Јовањица. Властите ги негираат тие наводи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This