ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА ЕДЕН ОД УБИЕНИТЕ: Името и презимето на еден од разбојниците откриено, на другиот се чува во тајност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како Димитар Блажевски, роден 1985 година, од скопската населба Бардоци, е идентификуван едниот од убиените оружени разбојници кои вчера пред 17 часот се обидоа да ја ограбат менувачницата „Македонија“ во Кисела Вода, објави порталот Плусинфо.

-Идентитетот на вториот разбојник до вчера вечерта на истражителите не им бил познат, бидејќи според полициската евиденција многу си личел со брат му, па полицајците не биле сигурни кој точно е убиениот. Дури утринава, истражителите, како што дознаваме од ОЈО, се информирани за идентитетот на второубиениот разбојник. Но, неговиот идентитет засега не се открива, пишува порталот.

Утврдено е дека во нив пукал сега повредениот сопственик на менувачницата 58-годишниот Гоце А. од Скопје. Тој со својот пиштол кој го чувал под пултот ги застрелал разбојниците откако го претепале и сакале да избегаат. Во инцидентот Гоце А. бил тешко повреден, но после укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Оваа менувачница во последните шест години втор пат е цел на оружани разбојници. Тогаш во истиот сопственик беше пукано и беше ранет во левата нога. Поради повредата тој има проблем со движењето.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This