March 29, 2024, 10:37 am

ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА УБИЕНАТА ЖЕНА ВО ОХРИД: Детали за убиството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жена синоќа беше убиена при грабеж во Охрид. Според информациите од СВР – Охрид, станува збор за извршител на кривично дело „разбојништво со последица смрт“, при што смртно била повредена 67-годишната Спаса Б. од Охрид, која сама живеела во нејзиниот стан во зграда на улица „Галичица“ бр. 31 во Охрид.

policijalenta20148

Првичниот увид спроведен на местото на настанот покажува дека вчера во периодот меѓу 11:30 и 19:25 часот непознат сторител влегол во станот на жената, напаѓајќи ја со ладно оружје, најверојатно нож, притоа нанесувајќи и убодни рани во пределот на главата, вратот и телото, а потоа извршил пребарување низ собите.

Потоа сторителот на делото незабележано го напуштил станот, притоа заклучувајќи ја влезната врата.

По наредба на Јавниот обвинител врз телото ќе биде извршена обдукција во Медицинскиот центар во Битола.

Инаку, жителите на улица „Галичица“ се вознемирени од настанот, притоа изјавувајќи дека ништо не забележале ниту слушнале, дека за случајот разбрале од медиумите.

Пред десеттина дена непознато лице се обиде да ја ограби и продавницата на ул „Галичица“ што се наоѓа во непосредна близина на синоќешното убиство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This