ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА УБИЕНИОТ РАЗБОЈНИК: Српски државјанин баран со потерница е другиот убиен разбојник во менувачницата во Кисела Вода!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ненад Топиќ (49) од Белград е другиот убиен напаѓач во грабежот на менувачницата „Македонија“ во скопска Кисела Вода на 27 ноември, обајцата застрелани од сопственикот Гоце А. (58), пишува српскиот весник „Блиц“.

Србинот, кој бил баран со меѓународна потерница на Интерпол, идентификуван е според отпечатоците на прстите, по што е известена неговата сестра, која дошла во Скопје и потврдила дека убиениот е нејзиниот брат.

Тој последниве месеци се криел во Скопје, престојувајќи во изнајмен стан во населбата Карпош 3. Се претпоставува дека со другиот убиен, 32-годишниот Димитар Блажевски од скопско Бардовци, ги споиле заеднички познаници од криминалното подземје, а македонските истражни органи веруваат дека двајцата извршиле најмалку 15 разбојништва во банки, менувачници и обложувалници во Скопје.

Топиќ цели две децении бил недостапен на полицијата и на судството во Србија. Во 1993 година бил осомничен дека со двајца соучесници на постар белграѓанин му одзеле 200.000 тогашни германски марки и 100.000 американски долари.

Приведен е дури по десет години, и тоа при продажба на „екстази“ со другите двајца, при што им се одземени 4.500 таблети со наркотици и 3.700 евра, а во станот на Топиќ потоа се најдени уште 2.500 таблети. Неколку месеци тој поминал во притвор, но Судот го пуштил да се брани од слобода, по што му се губи трагата сè до неуспешниот грабеж на менувачницата на улица „Борис Трајковски“ во Скопје.

За Топиќ постоеле сомнежи и дека учествувал во филмскиот грабеж на претставништвото на холандската авиокомпанија КЛМ во Белград во 1997 година, од кое биле украдени 250.000 долари и 60.000 марки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This