March 28, 2024, 10:56 am

ОТКРИЕН РАЗГОВОР НА ЗAEВ КАДЕ ПРИЗНАВА ЗА СИТЕ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА: Партиски вработивме 28.000 луѓе, вработувањата одат преку општинските!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До ексклузивна приватна кореспонденција, помеѓу премиерот Зоран Заев и виден член на СДСМ – стигна Економски Лидер. Во автентичноста на разговорот, кој ни беше презентиран лично од разочараниот член на владејачката партија, редакцијата успеа да се увери на лице место, затоа што ни беше покажан лично од него, на телефонот на кој истиот се одвива.

Потоа, откако се уверивме дека се работи за разговор кој се водел, а од другата страна е телефонскиот број на премиерот Заев, решивме да направиме слики од истиот и да и го презентираме на јавноста.

Разговорот е воден во втората половина од минатата година а се однесува на партиски вработувања. Нашиот свиркач, тогаш од премиерот побарал да биде вработен, на што премиерот му одговорил дека вработувањата во државен сектор одат преку Општинските организации на СДСМ.

-Идната седмица ќе правам муабет. Преку општинските организации одат вработувањата, ќе треба да разговарам. – му одговорил Заев на нашиот извор.
Но, работите не застануваат тука. Откако поминал извесен период, нашиот извор повторно стапил во комуникација со премиерот Заев, разочаран затоа што не е вработен.

Во овој наврат, тој му пратил една разголена фотографија од личност за која тврди дека е блиска до генсекот на СДСМ, Александар Кирацовски, а била вработена во одредена државна институција. На ова Заев му вели дека треба да се засрами и дека партијата партиски вработила дури 28.000 луѓе.

-Прво треба да ти е срам вакви слики мене да ми испраќаш. Партијата има досега 28.000 луѓе вработено. Помага на сите и ќе продолжи да помага.– вели премиерот Заев.

Во продолжение Заев констатира дека веројатно се работи за активистка на партијата која била вработена.

Јасно е дека нашиот извор оваа кореспонденција ни ја презентираше од себични причини – затоа што не е вработен – но, во неа има огромен јавен интерес, иако се работи за приватен разговор, пишува Економски Лидер.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This