ОТФРЛЕНИ БАРАЊАТА НА СЈО: Барањето за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ од СДС-СЈО отфрлено на суд!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судиите од Кривичните совети на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 на денешната седница ја уважија несогласноста на судијата на претходна постапка, со која не се определува привремена мерка Забрана на оттуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека.

osnoven-sud

Тоа се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1 по денешната седница на која одлучуваа по несогласноста на судиите на претходна постапка, во врска со барањата за привремено одземање на имот поднесени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО).

– Судиите од Кривичните совети постапувајќи по несогласноста на судиите на претходна постапка, во врска со барањата за привремено одземање на имот поднесени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), согласно член 202 став 3 од ЗКП донесоа решенија со кои се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка при што од страна на судот не е определена предложената привремена мерка Забрана на оттуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека, се наведува во соопштението на Основен суд Скопје 1.

Барањата произлегуваат од последните три истраги „Талир“, „Траекторија“ и „Тревник“ кои ги отвори СЈО.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This