ОФАНЗИВА НА ИЗРАЕЛ: Израелската армија го бомбардираше пристаништето во Газа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелското воздухопловство соопшти дека во петокот навечер го бомбардирало главното пристаниште во Појасот Газа, а палестинските власти изјавиле дека во нападот се користени беспилотни летала кои оштетиле два брода.

Ова е прв воздушен напад на израелската авијација на тоа подрачје од војната меѓу Израел и палестинските паравоени единици во 2014 година.

Израелската војска соопштија дека нејзиното воздухопловство “погодило шест воени цели на поморските сили на терористичката организација Хамас во Појасот Газа“.

Во соопштението не се наведува каде точно се случил нападот.

Очевидци изјавиле дека два брода биле значително оштетени во бомбардирањето и оти безбедносните сили на Хамас ги спречиле новинарите да дојдат до местото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This