ОФИЦИЈАЛНА АТИНА: Ако ние oдбиeвмe, Бугарија или Турција ќе го надгледувaa македонското небо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во врска со Договорот од Преспа, одиме напред почитувајќи го меѓународното право и барајќи иста перцепција и од соседната држава, вели министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос во интервјуто за грчкиот весник „Реал њуз“.

-Секако, во оваа насока, минатата седмица беше одобрена и стапи во сила билатералната соработка за надзор на воздушниот простор на оваа држава од нашето воено воздухопловство. Ако не го сторевме ние, апсолутно подготвени да го направат тоа беа како Бугарија, која е силно нeгативна за Договорот од Преспа, така и Турција, која дeмне да ја искористи секоја можност за зголемување на влијанието на Балканот- вели Панајотопулос.

Минатиот понеделник, началникот на Генералштабот на Република C Македонија, генералот Васко Ѓурчиновски и началникот на одбраната на Грција, генералот Христос Христодулу во Солун потпишаа Технички аранжман за надзор на воздушниот простор што претставува официјализирање на мисијата „Air– policing“, а ќе се реализира во координација со НАТО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This