ОФИЦИЈАЛНО ЗАСТАНАА ПОЗАДИ СДСМ И СЈО: Еклатантно вмешување во внатрешните работи во државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската амбасада во Скопје попладнево ги оцени барањата на Специјалното јавно обвинителство за измена на законот за заштитени сведоци и за продолжување на рокот на истрагите за разумни, со тоа официјално ставајќи се во поддршка на СДСМ и СЈО и поставувајќи еклатантен пример на вмешување во внатрешните работи на Р.Македонија

katica-se-slika

„Ги охрабруваме сите партии да се придржуваат кон обврските преземени со договорите од Пржино и од 20 јули за да осигураат веродостојни избори и непречена работа на Специјалното обвинителство и на независните набљудувачи на медиумите“, се вели во соопштението на Американската амбасада во Скопје, откако пратениците на владејачката коалиција одбија да гласаат за барањата на СЈО за измена на законите со кои ќе им се олеснеше работата во истрагите за прислушуваните разговори.

Со ова соопштение, Амбасадата на САД буквално бара од пратениците да не ја претпочитаат вољата на граѓаните кои ги избрале, туку да се водат по директивите на Амбасдата која во земјава се однесува како гувернат.

„Воспоставувањето отчетност за неавторизираните прислушувања и сомнежите за владина злоупотреба се суштествени за да може Македонија да излезе од продолжената криза. Веруваме дека се разумни барањата на СЈО за поддршка на темелна, независна истрага на фактите“, се вели во соопштението на амбасадата на САД во Скопје, со што повторно се истакнува закана за нова политичка криза, или правење на алиби за бегство од изборите на 11 Декември!

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This