ОФИЦИЈАЛНО: Македонскиот бисер Елиф Елмас се сели во Наполи за 16 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот мегаталент Елиф Елмас се сели од Фенербахче во Наполи за 16 милиони евра. Трансферот ќе се реализира откако Наполи и официјално ќе го продаде Хрватот Марко Рог во Калјари, а во зависност од успесите со „наполитанците“ има клаузула за дополнителен бонус од 1,5 милиони евра. На напорните преговори меѓу Фенербахче и Наполи им се гледа крајот.

Елиф Елмас треба да биде осмо засилување за Наполи ова лето. Карло Анчелоти инсистира за негов трансфер откако стана јасно дека ќе ја загуби битката за ангажман на Хамес Родригез од Реал Мадрид. Македонскиот репрезентативец одигра 40 натпревари за Фенербахче и постигна четири гола, а со своите 19 години има веќе 11 настапи и за сениорскиот национален тим на Македонија.

Елиф Елмас ќе биде вториот Македонец кој ќе го облече дресот на Наполи по Горан Пандев. Во текот на наредната седмица, Елмас треба да допатува во Неапол, да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот со „наполитанците“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This