April 27, 2024, 12:47 am

ОФИЦИЈАЛНО: Нема повеќе грешки во ЛШ, од февруари се воведува ВАР-системот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она што се очекуваше од поодамна, денес официјално се оствари. Извршниот одбор на УЕФА одржа заседание во Даблин и одлучи да го воведе ВАР-системот во нокаут фазата од тековната сезона во Лигата на шампионите.

Неколкуте проблематични одлуки, но и големите грешки кои беа дел од групната фаза, го зголемија притисокот од страна на клубовите, кои побараа што е можна побрза имплементација на системот за прегледување на снимки.

Во сите најсилни лиги ширум Европа, со исклучок на Премиер лигата, ВАР веќе се користи, со оглед на тоа што има огромен број на обучени арбитри, кои беа дел од Мундијалот во Русија изминатото лето.

Тоа значи дека остатокот од сезоната на Лигата на шампионите нема да биде проследена со скандали, барем да се надеваме дека нема да биде така…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This