ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА САКААТ ДА ЈА НАПРАВАТ ГРЧКА: СМК бара безусловно стопирање на пријавата за регистрација на „Грко-Православна Охридска архиепископија“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за неприфатлива ја оценува пресудата на Европскиот суд за човекови права за “повреди на верските слободи“ во случајот со расколникот Зоран Вранишковски и региострацијата на неговата секта во Македонија!

СМК смета дека не станува збор за кршење на членот 11 (слобода на собирање и здружување) а во врска со членот 9 (слобода на мислата, совеста и религијата) од Европската конвенција за човекови права при отфрлањето на пријавата за регистрација на сектата на расколникот Зоран Ванишковски во Македонија!

СМК смета дека судот во Македонија правилно постапил двапати отфрлајќи ја пријавата за регистрација на оваа експозитура на Српската Православна Црква во Македонија под името “Грко-Православна Охридска Архиепископија на Печката патријаршија во Македонија“, затоа што токму друго службено име на Македонската Православна Црква е Охридска Архиепископија!

СМК потсетува дека Македонската Православна Црква е една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на древната Охридска Архиепископија, односно Патријаршија и на Јустинијана Прва, нејзиниот статус е уставна категорија, а културното наследство со кое располага, со Уставот е заштитено!

СМК бара Владата да ги плати пресудените 4.500 евра на расколникот Зоран Вранишковски како надомест на нематеријална штета и дополнително 5.000 евра за трошоци и издатоци настанати од водењето на постапката, меѓутоа СМК очекува Судот и натаму да ја отфрла регистрацијата на оваа секта, се’ до реципроцитетни односи меѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква – Српска црква во Македонија, но и Македонска црква во Србија!

СМК потсетува дека расколникот Зоран Вранишковски не беше суден за слобода на мислата и нејзиното јавно изразување, туку за поттикнување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост и за злоупотреба на пари на Македонската Православна Црква!

СМК укажува дека отфрлањето на барањето за регистрација на сектата на расколникот Зоран Вранишковски е историски фундирано, затоа што за српските епископи, Македонија се’ уште е метох на Српската Православна Црква, видно од томосот за формирањето на нивната експозитура во Македонија со којшто на расколникот Зоран Вранишковски “СПЦ му ги предава во владение сите цркви и манастири во Македонија“. За жал, Македонија се’ уште е Вардарска бановина за српските епископи, кои се уште полагаат право на сопственост врз црквите и манастирите во Македонија поради тапиите од времето на српската колонизација и окупација врз Македонија!

СМК информира, дека неприфатливо е непријателското делување на српската експозитура на расколникот Зоран Вранишковски и неговите истомисленици во Македонија, затоа што за нив Грците се Македонци, а Македонците во Републиката се “словени“, за нив источното православие е грчка вера на српската епархија во Македонија која аплицира пред Судот за регистрација на црква под името “Грко-православна Охридска Архиепископија на Печката Патријаршија во Македонија“.
Todor Petrov

Seen by Todor Petrov at 8:29pm

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This