ОХРИДСКАТА КАПЕТАНИЈА ГО КАЗНИЛА ТАТКОТО НА МАРКО ПЕЈЧИНОСКИ: 300 евра казна му напишала езерската полиција на таткото на Марко Пејчиноски, додека го тренирал неговиот син!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таткото на малиот херој кој го преплива Охридското езеро добил мандатна казна од 300 евра, изречена од охридската Капетанија бидејќи имал истечена регистрација на пловниот објект „кајче“ кое го користел за тренинзите на неговиот син кој го преплива Охридското езеро на Охридскиот маратон на само 12 годишна возраст, и стана регионална сензација

 

Тони Пејчиноски, од страна на Капетанијата на пристаништа на РМ – Охрид, поради банална причина, истекување на сообраќајна дозвола на пловен објект Кајче, бил казнет со мандатна казна од 300 евра. Ваквиот скандалозен чин од страна на Езерската Полиција и Капетанијата на пристаништа, бил утврден на само една недела пред Херојот Марко да го преплива Охридското Езеро, поточно на секојдневниот тренинг кој го правел неговиот татако Тони Пејчиноски со неговиот син Марко, кај месноста викана Канео – пренесуваат локалните медиуми.

Овој чин на езерската полиција при РЦ Запад на МВР и капетанијата на пристаништа е срамен чин, зошто добро знаеле со која цел се одвиваат тренинг пливањата во водите на езерото, а уште посрамен е од фактот што имале сознанија, дека поради здравствени причини младиот Херој Марко, мора да плива – пишува Охридскај.мк

Капетанот на охридската капетанија Горан Устијаноски наводно жалел за ваквиот чин, но немал можност да ја укине санкцијата бидејќи била изречена од езерската полиција.

Веднаш се јавија и луѓе кои понудија помош за плаќање на казната која полицијата му ја изрекла на Пејчиноски. Браќата Климе и Јован Лотески ја информираа јавноста дека тие ќе ја платат казната од 300 евра, а на малиот Марко ќе му врачат годишна стипендија од симболични 500 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This