April 25, 2024, 11:31 am

ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО СЕ ИЗЛЕА:Охриѓани стравуваат од поплави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Охридското Езеро ја достигна критичната точка од 694 метри или 25 сантиметри над максимално дозволената кота . Зголеменото ниво на водостојот може да предизвика и нови поплавувања на крајбрежјето.

Експертите предупредуваат дека причините за ваквата состојба потекнуваат од 1961 година со внесување на Сатеска во Охридското езеро и неизградбата на соодветен регулиран систем за истек на Црниот Дрим од Струга кои доведуваат до ваква критична состојба.

Во некои делови од брегот веќе има излевања на езерото а малото пристаниште сеуште е под вода . Експертите предупредуваат  за нови опасности кои ќе предизвикаат поплавувања и оштетувања на некои објекти а постојаните осцилации пак ќе доведат до негативни ефекти врз животинскиот и растителниот свет како резултат на наглото затоплување и топењето на снегот .

Инаку најголемо ниво на Охридското езеро е регистрирано во 1924 година кога водостојот достигнал 694,47 метри надморска височина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This