ОХРИД ГО БАРА СПОМЕНИКОТ НА ЦАР САМОИЛ: Местото на тој споменик било во Охрид, општината чека да заврши ревизијата на „Скопје 2014“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Нашиот став е дека местото на Цар Самоил е во Охрид и затоа имаме намера во понатамошниот дел, до завршувањето на ревизијата, да побараме тој споменик да биде дислоциран во Охрид. Да почекаме и очекуваме во скоро време позитивен исход, рече Стојановски.


Општина Охрид сака дел од спомениците од „Скопје 2014“ да се префрлат во Охрид.

Градоначалникот Јован Стојановски вели дека за почеток бараат да биде дислоциран споменикот на Цар Самоил, за кој вели дека местото му е во Охрид.

Но, ќе почекаат да заврши целата ревизија на проектот која ја води комисија во рамките на Министерството за култура.

-Нашиот став е дека местото на Цар Самоил е во Охрид и затоа имаме намера во понатамошниот дел, до завршувањето на ревизијата, да побараме тој споменик да биде дислоциран во Охрид. Да почекаме и очекуваме во скоро време позитивен исход, рече Стојановски.

Стојановски вели дека досега имале разговори и со премиерот и со Министерството за култура по однос на ова прашање.

Вели дека размислуваат и за можна локација каде споменикот би бил поставен. Неодамна и од здружението Богојавление од Охрид испратиле барање до локалната самоуправа да се заложи споменикот на Христо Узунов кој исто така е дел од проектот „Скопје 2014“ да биде донесен во Охрид.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This