Охрид не видел толку народ – 10.000 граѓани излегоа на улиците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

10.000 граѓани на Охрид излегоа на улиците за да дадат поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

ohrid-1-640x363

Учесниците на протестот ја изразија својата решеност да истраат во напорите за, како што велат, зачувување на унитарноста на државата, одбрана на Уставот на Македонија и суштината на вредностите на општеството.

– Тука сме и денеска  заедно со сите вас, пред се, заради љубовта кон нашата татковина, Република Македонија. Цел живот како полициски службеник сум бил, а сега како пензионер сум повторно на браникот на унитарна, самостојна и независна Македонија, Тони Филипов.

Ѓуро Јовчески ја нагласи пораката од маршот, дека учесниците немаат намера некого да навредат, туку дека се единствено против навредливи платформи креирани надвор од земјата.

– Одовде порачуваме дека го отфрламе навредливото решение на тиранската платформа, со сите членови и акти во неа за разнебитување на Македонија, рече тој.

Гордана Маркоска рече дека туке са дава поддршка за живот на сите граѓани во Република Македонија.

– Јас бев дел од шарената револуција, но сега се срамам од тоа заради тоа што сите ние заедно бевме за подобар живот, а тие буквално ни наметнаа тиранска платоформа. Секогаш останувам со мојот народ, Македонија да остане унитарна, со едно знаме, еден грб, со еднакви права за сите граѓани, рече таа.

ohrid-2

ohrid-3

ohrid2  ohrid1

ohrid6

ohrid3

ohrid4

ohrid5

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This