Охрид речиси полн за Велигденски празници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера за претстојните Велигденски празници се исполнети околу 70 отсто, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери Крсте Блажески.

Според него, исполнетоста за Велигден е добра и е стандардна за овој период од годината.

– За Велигден традиционално најчести гости на крајбрежјето ни се Грците, потоа имаме гости од соседството, а не изостануваат и оние од кружните тури што се задржуваат по два до три дена, истакна Блажески, јави Вечер.

Првиот човек на хотелиерите очекува одлична туристичка сезона што ќе ја надмине минатогодишната.

– Според досегашните показатели, летната туристичка сезона треба да ја надмине ланската за некој процент и да биде подобра, изјави Блажески.

Најбројни гости на ривиерата и годинава ќе бидат Холанѓаните и Белгијците. Има пад кај туристите од Турција, но нивното намалување го покрива растот кај оние од Полска.

Овој период на охридско-струшкото крајбрежје се застапени семинарите, а по велигденските празници, односно од 7-ми мај, како што информира Блажески, почнуваат првите групи гости од Холандија.

– Сега сме во период на подготовка за претстојната туристичка сезона, која веќе е почната. Штом имаме исполнетост на сместувачките капацитети над 50 отсто сезоната е почната, а очекуваме поголема исполнетост од минатата година, заклучи Блажески.

Во однос на сместувачките капацитети, тој смета дека се потребни нови современи хотели со висока категоризација, кои ќе ги задоволат потребите на гостите. Туристичката понуда најави дека ќе биде зголемена со два нови брода во Охрид, но и дека се во зачестени преговори со Владата за зголемување на охридското пристаниште и изградба на ново во Струга. (Крај)

извор: Вечер фото: ОхридПрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This