April 18, 2024, 10:34 pm

Охрид со cтpaтeгиja зa paзвoj нa тypизмoт 2020-2025 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Охрид изготви нова Стратегија за развој на туризмот за периодот од 2020 до 2025 година. Станува збор за стратешки документ во рамки на општинската Програма за развој на туризмот, а изработена од страна на стручни научни работници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

Новата Стратегија за развој на туризмот е изработена врз база на темелни анализи на постоечката состојба и ја дефинира долгорочната визија, стратешкиот правец, целите и приоритетните проекти за идниот развој на туризмот. Документот е во согласност со основните принципи на УНЕСКО за заштитени подрачја, со националното законодавство за управување со заштитени подрачја, како и со други погранични и регионални стратегии и планови за управување со природни ресурси.

Во документот се посочува дека развојот на Охрид како привлечна туристичка дестинација се темели на долгата традиција, посветеноста на менаџментските структури во управувањето со општината, засегнатите субјекти во дејноста и условите што подразбираат поврзаност на атрактивната и рецептивната развојна основа.

-Одржливиот развој на туризмот во оваа туристичка дестинација има посебно значење затоа што ресурсите за развој се со изразита димензија, се посочува во Стратегијата за развој на туризмот во Охрид.

Според документот, одржливиот туристички развој треба да се прифати како дејност во која вреди да се инвестира, да се прецизираат придобивките од неговиот развој, да се подобри интересот на домашната и меѓународната јавност и да биде фундамент врз кој ќе се донесуваат други акти, планови и програми.

-Стратегијата треба да придонесе за подобрување на квалитетот на живеење, подигање на нивото на задоволство од престојот на посетителите, перманентно унапредување на квалитетот на услугите, освојување на нови вредности, подобрување на промотивните активности и ширење на доменот на насоченост на туристичката понуда, пишува меѓудругото во апстрактот на драфт верзијата од новата Стратегијата за развој на туризмот, стои во Стратегијата. Во наредниот период траба да биде спроведена процедура за Оцена на влијанието врз животната средина на овој плански документ, по што ќе биде објавена целосната и финална верзија на стратегијата, соопшти Општина Охрид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This