Охриѓанец улови џиновски рак – вакво нешто до сега не е видено во Охридско Езеро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Необична глетка кај Охридското Езеро, во водите кај Студенчишта Тане Србиновски улови џиновски рак. Охриѓанецот, како што пренесува Сакамдакажам.мк, го улови најголемиот примерок на рак, долг триесетина сантими.Заедно со пипките, ракот е долг половина метар.

rak501p-696x441uykm67i67i67

– „Овие денови одам на риболов, особено откако временските прилики се подобрија. Температурите се покачија и најчесто ловам кај каналот на Билјанини Извори. Во еден момент, како нешто да ме натера од внатре, здогледав еден камен во водата и го кренав. Имав што да видам, најголем рак што досега сум видел. Не се обиде да побегне, бидејќи тие знаат многу бргу да испливаат од живеалиштата. Брзи се, иако пливаат само со задниот дел на телото”, раскажува Србиновски, додавајќи дека сите риболовци биле воодушевени.

Според него, ова е доказ дека водата е чиста, бидејќи тој живее само во чисти води.

Проф. д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод во Охрид вели дека за овој вид рак максималната должина е 30 см и уловениот е навистина џиновски.

„Досега во Охридското Езеро се уловени ракови со максимална должина од 20-на см, а ако се каже дека е уловен рак од скоро пола метар тоа би изгледало како крап. Нема податоци дали уловениот е најголем досега, но станува збор за автохтон вид, а не ендемичен. Тоа значи дека го има во реки и езера во јужниот дел на Балканот, оти ендемичниот вид живее во еден екосистем над 200 години“, вели проф. д-р Талевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This