ОХРИЃАНИ МАСОВНО НА УЛИЦИТЕ:Осуда за обидите за мешање на странците во внатрешните работи на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓани на Охрид попладнево повторно излегоа на улица, во знак на поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Со протестен марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, изразувајќи ја својата загриженост за иднината на државата и за зачувување на унитарноста на Република Македонија.

ohrid-protest

– И денеска се собравме во сите градови и населени места низ Македонија, за поддршка на претседателот Иванов кој храбро и гордо застана во одбрана на Македонија, изјави Јован Чорбевски, кој упати благодарност до Русија и Унгарија како држави што ја осудија „тиранската платформа“ и ги осудија обидите за мешање однадвор во внатрешните работи на Република Македонија.

Павле Момировски од своја страна истакна дека луѓето излегуваат на улица за да ја откријат вистината, за која рече дека е горчлива, но и лек.

– Tаа наметната платформа навлегува во сите постулати, атрибути на државата Македонија…Сакаме да дознаеме што е прифатено од постизборното мнозинство од тој документ, рече тој.

Протестниот собир започна кај охридската гимназија, па со марш низ централните улици на Охрид да заврши на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This