ОЧАЈНА Е МАЈКАТА НА ПИНО: „Се надевам дека моето дете не е yбиeнo“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не знам дали мојот син е жив, дали јаде, дали спие, дали му е ладно… Ова не е живот. Како јас да живеам, а да не знам каде е, како е и што прави моето дете. Веќе трет месец го нема, а полицијата не го ни бара. Се сомневам на две момчиња и сигурна сум дека тие се вмешани во неговото исчезнување.

Ова за 24 Инфо го вели Маја Трпковска, мајката на 26-годишниот Пинета Секондо, кој исчезна вечерта на 10 декември во Скопје. Таа наредниот ден веднаш го пријавила случајот во полицијата и апелираше на социјалните мрежи. До сега од полиција нема никаква информација за Пинета, ниту за автомобилот што го возел, „шкода“ со таблички SK-1566-AP.

Дента пред да исчезне, Пино со радост ја очекувал мајка си и помалиот брат да пристигнат од Италија.

Наредното утро со помалиот син со автомобил дојдовме од Италија за да го земеме кучето. Пино и татко му веќе имаа купено авионски карти за 23 декември за да дојдат во Италија за Божиќ, а јас со помалиот син и кучето со автомобилот да се вратиме назад. Кога стасав сабајлето, сопругот, кој беше дома, видел дека го нема Пино, му ѕвонеше на службениот и на приватниот мобилен телефон. На почетокот телефоните ѕвонеа, тоа беше 6.42 часот. Во 7 часот и двата мобилни наеднаш беа недостапни. Значи некој ги исклучил двата телефони наеднаш, бидејќи не може истовремено да се исклучат. Сопругот ми кажа дека Пино заминал кај пријателката Ангела во населбата Ѓорче Петров и дека ќе се врати брзо. Пино секогаш кажува каде оди, се јавува ако задоцни или ако преспие некаде. Сопругот замина на работа, а јас почнав да се јавувам по болниците да прашам да не имало некаде cooбpaќaјкa, да не му се има нешто случено. Кога се врати сопругот, отидовме во полициска станица да пријавиме, иако ни рекоа дека треба да поминат 24 часа. Но, јас си го знам детето, никогаш не оди никаде без да каже. И вечерта рекол дека ќе се врати брзо, вели Маја.

Таа е револтирана од македонската полиција, која според неа, ништо не презема за пронаоѓање на нејзиниот син. Се сомнева дека во исчезнувањето на нејзниот син се вмешани две момчиња од Скопје. Едниот е син на сопственик на познат ресторан во скопската населба Аеродром. Според неа, во прашање е понуда од 200.000 евра за тендер, најдена во компјутерот на нејзиниот син. Пино е вработен во италијанска фирма која учествува во изградба на автопатот за Бугарија.

Откако случајот е пријавен во полиција до сега се сменија четворица инспектори. Истата вечер кога пријавивме првиот инспектор ми се јави и на висок тон ми рече „со кое право вие пријавувате за исчезнато лице, тој е возрасен, зошто да го пријавувате за исчезнат“. Бев фрапирана. Утредента отидов во полиција, го пријавив и побарав случајот да го води друг инспектор. Откако пријавив, 15 дена потрошив да ги убедувам дека мојот син не е пиjaницa, не е кoцкap, не се дpoгиpa. Мене инспекторите ми викаа „син ти е пиjaницa“. Го викнаа и мојот сопруг во полиција и го убедуваа во истото. Ако е така моето дете немаше да вози и да патува секој ден во Ранковце, каде што му е работата. Тоа се 70 км пат до таму и 70 назад. Син ми освен едно кафе на ден, ако е тоа пopoк, ништо друго не конзумирал, се сеќава Маја.

Во меѓувреме, другарите почнале да го бараат, по кафулињата каде што излегува, барале по улици… На крај дошле во ресторанот каде што Пино често одел.

Всушност, Пино од летото почна да се дружи со синот на сопственикот на ресторанот и со уште едно дете, но тие не му беа вистински пријатели. Кога другарите влеге во ресторанот, не дошол синот на газдата, туку другото момче и ги прашало „што сте дошле овде? И Македонија да ја превртите Пино нема да го најдете. Ако сакате нешто да дознаете мене треба да ме прашате“. По ова децата си заминале и дојдоа мене да ми кажат. Веднаш им кажав на инспекторите. По два-три дена истото момче дошло кај еден од другарите на Пино и му покажал СМС порака на телефонот и кажал дека пораката се разменува меѓу познаниците на Пино, но детево не успеало да ја прочита цела. Наводно пишувало „Ќе видиш сега за 3-4 дена ќе го најдат Пино претепан, зашто Пино нешто ветил, а тоа што го ветил не го исполнил“. Веднаш ја известив полицијата за ова по што случајот го презедоа инспектори од Оодделението за насилен криминал. По ова полицијата веднаш повика на информативен разговор група од десетина деца каде меѓу кои се вртела пораката. Од сите тие што се испрашани, во полицијата останаа тој што му се правеше другар и синот на газадата на ресторанот, како најсомнителни – вели мајката.

Во меѓувреме Маја ангажирала хaкepи на кои им го дала комјутерот на Пино. Тие ги провериле неговите профили на социјалните мрежи, а успеале да го лоцираат и неговиот мобилен телефон пред да се исклучи. Тие во компјутерот нашле понуди за набавка на работни машини во вредност од 200.000 евра.

Во компјутерот најдовме понуди направени од страна на синот на газдата на ресторанот. Полицијата ги стави нив двајца на полиграф и веднаш по испрашувањето ги пушти. Не знам дали ги прашале за фирмата, за понудите, но полицијата мене тоа не ми го кажува. Затоа повторувам, не знам што прашања им поставиле, но по ова полицијата како да престана да работи на случајот и не прави ништо, револтирана е мајката.

Таа вели дека со полицијата последен пат се слушнала пред две недели.

Последен пат ѝ се јавив на инспекторката и ја прашав дали ја провериле банкарската сметка на Пино, дали во меѓувреме некој вадел пари од сметката. Ми рече дека ја провериле во декември, а сега е февруари. Како може да не проверуваат? Или, пак, не се способни да работат. Јас не можам да ги затворам банкарските сметки на син ми бидејќи е полнолетен. Јас ниту броевите што се вртени од неговиот приватен телефон не можам да ги дознаам. Броевите од службениот можам бидејќи тој број се води на име на фирмата. Девојката Ангела ме пpиjaви во полиција бидејќи сум ѝ досаѓала на телефон. Па нормално дека ќе ја барам, јас си го барам детето. Она нон стоп истото го вели, се виделе, стоеле пред зграда кај неа и Пино ѝ рекол „уморен сум и ќе си одам дома“. Значи од местото ние каде што живееме, да стасаш до Ѓорче Петров ,има 30 километри и по 15 минути веднаш да си заминеш од таму. Според мене, таа го има измамено син ми за да дојде итно кај неа. Ние не ја познавме девојката. Единствен што знаеше каде е Пино и со која девојка отишол да се види е еден од тие двајца што му се правеа пријатели. Таа го има излажано да оди во Ѓорче, вели Маја.

Според неа, последен пат Пино е снимен на камерата што е на излезот од Скопје, кај клучката за обиколницата во Сарај каде што завртел за да си оди дома.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This