ОЧАЈНИОТ СДСМ ГО ПУШТИ НИЗ ВОДА И ШКАРИЌ: Сите се резилат во заштита на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Небулозни обвинувања, шпекулации и драмолетки наместо издржани правни мислења и толкувања на Уставот. Последните парламентарни избори од „најнеизвесни“, станаа  најскандалозни, не поради самите себе, туку поради самоволните толкувања на Уставот од страна на дел од „стручната јавност“. Така, професорот Шкариќ од етаблиран стручњак по уставно право, со последните тврдења може комотно да се окфалификува како сенилен шарлатан кој со своите манипулативни толкувања на Уставот ги подгреа постизборните шпекулации и комбинаторики.

skaric

Не навлегувајќи во тоа дали Уставот е добар или лош, единствената уставна одредба што се однесува на оваа проблематика е претставена во членот 90, а тој гласи:

„Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на владата“.

Наспроти обвинувањата од страна на ценетиот професор Шкариќ дека Претседателот на државата требало прво да утврди кој може да обезбеди мнозинство во парламентот, а потоа да го даде мандатот за формирање влада,  прво и основно, е што Уставот не налага таква обврска.

Како би можел Претседателот да го утврди тоа? Постојат ли какви било механизми со кои лидерот на одредена партија би гарантирал дека е способен да формира Влада? Кој Претседател во историјата на Република Македонија досега има направено претходни консултации со партиите по ова прашање? Кој претходен лидер/претставник на партија што освоила најголем број на гласови на избори, дал некакви гаранции дека ќе формира Влада?

Уставот не дефинира што во случај кога повеќе партии ќе освојат ист број на гласови. Уставот не му налага на претставникот на партијата што го добил мандатот за состав на нова Влада, доколку не успее да ја формира истата, да го врати мандатот назад.  Дури и да е така, Уставот не дефинира кому во овој случај Претседателот на државата ќе ми го додели мандатот. Уставот не налага во услови на неуспех за формирање на нова Влада, дека треба да бидат распишани нови избори…

Како тогаш одлуката на Иванов мандатот да му го даде на Груевски е противуставна и како тоа Иванов требало да направи консултации со партиите?

 Во услови на непостоечки правно-обврзувачки механизми, целата оваа полемика околу прикажување  на цврсти аргументи за формирање навлада се сведува на  траги-комична приказна за мали деца,  која единствено може да функционира на „лепи очи“ и  празно ветување  како  „ жими мајка ќе формирам Влада“

Ако се земат здраво за готово, тврдењата на Шкариќ, во скоро сите претходни избори циклуси имаме прекршување на македонскиот Устав. Само за потсетување:

– Во 2006-та, тогашниот претседател Бранко Црвенковски му го додели мандатот за состав на нова Влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, чија коалиција освои само 45 пратеника. Ниту тогаш, која било партија успеала да има мнозинство во Собранието, но никој не го обвинил Црвенковски  дека постапил противуставно…

– Во 2002 та Бранко Црвенковски во функција на лидер на СДСМ, го доби мандатот за состав на Влада од претседателот Борис Трајковски. Коалицијата „За Македонија заедно“, предводена од СДСМ, на овие избори освои 60 пратеника, односно,  и во овој случај немавме мнозинска партија во Собранието.

– Најскандалозна ситуација околу определување на мандатар се случи во 1992 та година, по падот на експертската влада, кога претседателот Киро Глигоров, му го додели мандатот на Бранко Црвенковски,  иако СДСМ на изборите во 1990 (тогаш СКМ-ПДП) имаше освоено само 31 пратеник, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои освоија 38 пратеника.

Каде беше тогаш професорот Шкариќ да настапи со критично мислење и да и ги отвори очите на јавноста дека Глигоров го прекршил Уставот.

Неговите небулозни тврдења ги побива и професорката од правниот факултет Татјана Каракамишева- Јовановска, која вели дека не може да има резервен или втор мандатар.

-Ниту Уставот, ниту Законот за влада, ниту Деловникот на Собранието, ниту кој било друг правен акт во земјата не регулира резервна варијанта која би се применила ако мандатарот не успее да состави влада во уставниот рок од 20 дена, изјави Каракамишева – Јовановска.

Она што професорот Шкариќ го нарекува „механичко делување“ на Иванов, е всушност најкоректно делување на Претседателот, согласно Уставот и досегашната установена пракса во Република Македонија, која можеме да ја видиме и во претходни изборни циклуси.  Иванов не е ниту модератор, како што вели Шкариќ, ниту психолог, ниту врач за да одредува, претпоставува и проценува кој е способен, а кој не,  да формира нова Влада. Претседателот треба да делува согласно Уставот и тоа и го прави.

Му се допаѓало некому или не, единствено релевантно е тоа што го пишува во Уставот. Наспроти сите недоречености во нашиот Устав, едно е јасно пропишано, а тоа е дека додека не се избере нова, на власт ќе биде последната Влада. Жално е што ваквите „совети“ на професорот Шкариќ, кој е на платената листа на СЈО и се единствено во функција на политиките на СДСМ, ги плаќаат токму граѓаните. Доколку Шкариќ навистина е убеден дека Уставот е повреден, тој како стручњак може да се повика на правно расположливите механизми, или да поведе иницијатива до Уставниот суд. Но по се изгледа дека  неговите експертски ставови се задоцнета фрустрација по неможноста тој лично да стане судија во Уставниот суд.

Во продолжение е приказот на освоени мандати на сите досегашни парламентарни избори во Република Македонија.

Парламентарни избори 1990

ПартијаБрој на мандати
ВМРО-ДПМНЕ38
СКМ-ПДП31
ПДП17
Сојуз на реформски сили11
Сојуз на реформски сили / Млада демократско-прогресивна странка6
ПДП-НДП5
СПМ4
Независни пратеници3

Поради несогласувања кои избија меѓу партиите, веќе во август 1992 година во Собранието на оваа Влада ѝ беше изгласана недоверба. Претседателот Киро Глигоров мандатот за формирање на нова влада прво му го додели на Љубчо Георгиевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, партија со најмногу пратеници во Собранието, но тој го врати. Глигоров потоа мандатот го понуди на Петар Гошев од редовите на СКМ-ПДП, но и тој го одби. Потоа претседателот можноста да формира влада му ја даде на Бранко Црвенковски, лидер на СКМ-ПДП. Тој го прифати мандатот и ја формираше втората Влада, која овој пат беше политичка за разлика од првата експертска. ВМРО-ДПМНЕ тогаш тврдеше дека е направена неправда, бидејќи мандатот по одбивањето на Гошев од СКМ-ПДП требало повторно да се врати кај ВМРО-ДПМНЕ, наместо два пати по ред да се нуди на СКМ-ПДП. За формирањето на Владата Црвенковски влезе во коалиција со партијата на етничките Албанци, ПДП, што потоа стана непишано правило, во секоја влада покрај најголемата македонска партија да учествува и партија која ги претставува албанските гласачи.

 

Парламентарни избори 1994

ПартијаБрој на мандати
Коалиција „Сојуз за Македонија“ предводена од СДСМ87
ПДП10
ЛПМ5
НДП4
Независни пратеници7

 

Парламентарни избори 1998*

ПартијаБрој на мандати
ВМРО-ДПМНЕ49
СДСМ27
ПДП14
Демократска алтернатива13
ДПА11
ЛДП4
СПМ1
Сојуз на Ромите1

 

Љубчо Георгиевски го добива мандатот со освоени 49 пратеници (со ДА вкупно 62)

Парламентарни избори 2002

ПартијаБрој на мандати
За Македонија заедно (СДСМ, ЛДП и др.)60
ВМРО ДПМНЕ и ЛПМ33
ДУИ16
ДПА7
ПДП2
НДП1
СПМ1

Бранко Црвенковски го добива мандатот од Борис Трајковски со 60 мандати

 

Парламентарни избори 2006

ПартијаБрој на мандати
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.)45
За Македонија заедно (СДСМ и др.)32
ДУИ, ПДП и ДЛБ17
Демократска партија на Албанците11
НСДП7
ВМРО-Народна партија6
ДОМ1
ПЕИ1

 

Никола Груевски го добива мандатот од Бранко Црвенковски со 45 мандати

 

Парламентарни избори 2008

ПартијаБрој на мандати
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.)63
СОНЦЕ. Коалиција за Европа (СДСМ и др.)27
Демократска унија за интеграција18
Демократска партија на Албанците11
Партија за европска иднина1

 

Парламентарни избори 2011

ПартијаБрој на мандати
Коалиција ВМРО ДПМНЕ56
Коалиција СДСМ42
ДУИ15
ДПА8
НДП2

 

Никола Груевски го добива мандатот од Ѓорге Иванов со освоени 56 пратеници

 

Парламентарни избори 2014

ПартијаБрој на мандати
Коалиција ВМРО ДПМНЕ61
Коалиција СДСМ34
ДУИ19
ДПА7
ГРОМ1
НДП1

 

Никола Груевски го добива мандатот од Ѓорге Иванов со освоени 61 пратеник (од вкупно 123)

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This