March 28, 2024, 11:24 pm

ОЧАЈНИЧКИ ОБИДИ НА СДСМ: Формирање на вештачка опозиција на десничари, кои се испокараа уште пред да се видат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако се помирија со реалноста и се посигурниот пораз на изборите на 11-ти декември сега СДСМ на секој начин се обидува да формира вештачка опозиција со надеж дека на тој начин ќе успее да откине некој глас од ВМРО-ДПМНЕ, а на тој начин и проектираните 63 пратенички мандати
arnaudov_balkovski
Формирањето на вештачка опозицијаод страна на СДСМ преку искористувањето на пропаднати „лидери“ кои како што вели членот на извршниот одбор на ВМРО-НП кои не успеале да добијат на цена во ВМРО-ДПМНЕ нудејќи го сопствениот ангажман, е злобна идеја која неминовно ќе резултира со распад и на овие малубројни политички ентитети.

Ваквите превирања веќе се актуелни во редовите на ВМРО-НП, каде што вчеравечер дошло до несогласувања, а во претходните неколку дена и отворени, јавни напади до членовите на ИК на ВМРО-НП кои имале намера, и биле делегирани од страна на Љубчо Георгиевски да преговараат со ВМРО-ДПМНЕ за некаква форма на заеднички настап на изборите на 11-ти декември.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Непосреден повод за да отпочнат разговорите беше обидот кој многу порано го направиле дел од сегашните подржувачи на идејата за трет политички блок, кои индивидуално се понудиле на ВМРО-ДПМНЕ, но понудената стока била со многу ниска ценовна вредност. Сегашните разговори со ВМРО-ДПМНЕ се одвиваа многу коректно и со максимално почитување и од двете страни. Седнавме еден наспроти друг, секој со честа, но и гревовите на својата партија што сме ги направиле едни кон други и вмровски, достоинствено најдовме решенија за двете страни. Постојат две причини зошто се определив за ваквиот предлог. Првата е што јас сум убеден дека ние природно си припаѓаме едни со други, без оглед на некои разлики. Втората причина е длабоко емоционална но и реална, бидејќи сметам дека ВМРО и Македонија живеат во вечна симбиоза и нивниот опстанок не е можен еден без друг. Толку за моето ,,предавство,,[/kopa_block_quote]

Како што соопшти членот на ИК на ВМРО-НП Ламбе Арнаудов, идејата била нивна, а тој бил делегиран од страна на ИК и Георгиевски да ги води преговорите во име на партијата.

Според него, ова е поприродна идеја, бидејќи евентуалното коалицирање со СДСМ би било на штета на сопствената партија.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″] Инсталацијата на Заев и Шеќеринска поаѓајки од поединечни лични интереси во нашата партија, толку беа доведени во заблуда, што неможеа да го сватат визионерското рамислување на Претседателот за севкупните односи и интереси на партијата за подолг временски период. Со ова целосно паднаа во клопката што ја подготви Заев и се ставија во корист на друга партија, а на штета на сопствената. Три месеци Заев не држеше во заложништво дека ќе има широк опозициски фронт, а потоа на најгруб начин не отфрли и без трунка срам и периз, уште си дозволи да ни попува како да мислиме и да се однесуваме. На прашањето зошто се против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, одговорот беше дека нив ги води гнев, омраза и сурова одмазда кон луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, за наводните претрпени респресии кон нив. -вели Арнаудов во своето обраќање.[/kopa_block_quote]

Според информациите кои ги добивме, во моментов во воздух лебди одлуката за коалицирање со таканаречениот блок на десничарски партии составен од пропаднати луѓе и партии кои вкупно немаат доволно потписници за да регистрираат и една партија, и се надеваат дека како паразити ќе успеат да се влечат на грбот на ВМРО-НП која и онака нема поголем капацитет од неколку илијади гласови.

Конечната одлука ќе падне на следниот централен одбор на ВМРО-НП односно, доколку до петок не се потпише таканаречената коалиција, истата нема воопшто ниту да се формира.

 

 

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This